Top Sport

Федерер гази во Индијан Велс

Првиот светски рекет Роџер Федерер ја продолжи триумфалната низа на мастерсот во Индијан Велс. Швајцарецот кој во Калифорнија ја брани титулата од минатата година, во осмина-финалето го победи Жереми Шарди од Франција 75:64.

Шарди, 100. место на АТП листата, пружи жесток отпор, меѓутоа Федерер во свој стил, со по еден брејк во двата сета го доби мечот. Федерер брејковите ги направи во деветтиот гем од првиот, односно 11.гем од вториот сет.

Колку Швајцарецот беше фокусиран на овој меч потврдува и податокот дека на својот прв сервис не загуби ниту еден поен (25/25).

Првиот носител на турнирот во четврт-финалето ќе игра против тенисерот од Јужна Кореја Хјеон Чунг.

Федерер против Чунг играше во полу-финалето на гренд слемот во Мелбурн, тогаш Кореецот поради повреда го предаде мечот.

Мастерсот во Индијан Велс се игра за награден фонд од 7.972.535 долари.

Scroll to Top