Тешки обвинувања стигнаа од Швајцарија против Роџер Федерер. Таблоидот „Блик“ ги објави зборовите на Жил Зурдан, директор на проектот за модернизација на Ролан Гарос.
Вака пишува „Билк“ во воведот на текстот:
„Дали маската на Роџер Федерер почна да паѓа? Во текот на целата своја кариера, шампионот од Базел секогаш се обидуваше да го обезбеди имиџот на идеален зет, вистинскиот апостол на елеганцијата. Но, се чини дека глазурата почна да пука.“
Потоа ги цитира зборовите на Зурдан:
„Немавме добро мислење за него – вели Французинот. „Рафаел Надал беше многу пољубезен од Роџер. Нашиот впечаток е дека Федерер се грижеше само за себе. Тоа беше неговата единствена грижа. Не даваше ништо, не го даваше своето време. Беше љубезен и тоа е сè“.
Потоа Журдан објасни уште поексплицитно:
„Размислуваше само за парите. Немаше никаков однос со него. Не беше ниту груб ниту злобен. Се шегувавме меѓу себе дека не е идеален зет. Надал беше сосема поинаков, автентичен“.
Ако сето ова е вистина, на Федерер му се исплатеше. Пред неколку дена, „Форбс“ го прогласи за прв тениски милијардер, еден од ретките спортисти кои заработиле толку многу пари за време на својата кариера и подоцна.
Според официјалните информации, на таа листа се наоѓаат и Леброн Џејмс и Тајгер Вудс.
Иако шампионот на 20 Гренд слем турнири заработил помалку од 150 милиони долари од турниририте, приходите од спонзори и бизнис се многу поголеми.
Foto/ EPA
