Роџер Федерер го потврди учеството на Мадрид опен, со што се одбележува неговото враќање на европските земјени терени по две години пауза. 20-кратниот гренд слем шампион нема играно од Австралија опен, каде што загуби во 4. коло од Гркот Стефанос Циципас.
Швајцарецот, кој ја освои титулата од Ролан Гарос во 2009, последните две години целосно ја прескокнуваше сезоната на земја за да ги сочува силите за Вимблдон и американската турнеја, но оваа година најави враќање на овие терени.
37-годишниот Швајцарец е вториот најуспешен тенисер на „Каха магика“ во Мадрид зад Рафа Надал, освојувајќи ги титулите во 2006, 2009 и 2012 година.
„Федерер е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и тоа не е нешто ново. Среќни сме што се враќа во Мадрид бидејќи тоа значи многу за турнирот, но и за фановите кои ќе можат да го гледаат уникатниот тенисер во ’Каха магика’“, изјави новиот директор на турнирот, поранешниот тенисер Фелисијано Лопез.
¡@rogerfederer will participate in the #MMOPEN! ???❤️ ¡Welcome back, Rog! ???? See you in May! ???https://t.co/iYRJRG4kOh pic.twitter.com/gfdZpKbZhB
— Mutua Madrid Open (@MutuaMadridOpen) February 20, 2019