Роџер Федерер и Белинда Бенчиќ ја одбранија титулата на Хопман купот, кој традиционално се одржува во Перт, Австралија. Швајцарската двојка во финалето со 2.1 ја победи германската комбинација Александар Зверев и Анжелик Кербер.
Федерер и Бенчиќ решавачкиот поен го освоија во игра на мешани двојки. Тие славеа со 4:0, 1:4, 4:3 (5:4).
Претходно, Федерер го декласира Зверев, а Кербер израмни на 1:1 со победата над Бенчиќ.
„Вистинско задоволство е по втор пат да се освои Хопман купот. Се забавувам, беше одлично дружењето со Белинда и нејзиниот тим, како и со моето семејство“, рекол Федерер.
BACK-TO-BACK CHAMPIONS ? ??
Congratulations @rogerfederer and @BelindaBencic on defending your #HopmanCup title! pic.twitter.com/O5YyP1OW2F
— Hopman Cup (@hopmancup) January 5, 2019