Top Sport

„Федерер и Ѓоковиќ не се интересни, тенисот е здодевен како крикетот“

Марсело Риос, поранешниот број еден во светскиот тенис, смета дека шампионите како Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ не се интересни за сите. Чилеанецот во интервју за магазинот „Клеј“, изјави дека му е многу поинтересно да гледа некои други играчи како Ник Кирjиос или Фабио Фоњини.

Риос тврди дека тенисот станал „досаден како крикетot“.

„Според мене, Федерер не е од оние играчи кои кога ќе го видите велите „колку е возбудливо“. Ми се допаѓа како игра, бидејќи тоа го прави со невидена леснотија, тој е многу интелигентен на теренот, многу добар. Но, тој не е Кирjиос, Фоњини, кога ги гледате нив чекате да се случи нешто да направат хаос. Тоа е многу поинтересно. Дури и Новак Ѓоковиќ не ми изгледа толку забавен на теренот“, вели Марсело.

Ваквите изјави не се изненадување за Риос, кој и во текот на кариерата беше познат по своите коментари. .

По освојувањето на Мастерсот во Монте Карло во 1997 година, на доделувањето изјави дека освоената сума не е доволна да ја покрие загубата што ја имал во казино една недела претходно.

Се прослави и по дисквалификацијата од турнир во Лос Анџелес кога го навредуваше судијата.

И покрај тоа, освои 18 титули, од кои пет мастерс, а шест недели беше број еден во светот.

Scroll to Top