Top Sport

Федерер и Ѓоковиќ во истиот дел од ждрепката за Њујорк

Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ се најдоа во истата четвртина од ждрепката на САД опен оваа година, најавувајќи ран дуел за титулата.

Шампионот од Австралија опен, Федерер почнува против Јапонецот Јошихито Нишиока во првото коло, а може да „налета“ на Ник Кирјос веќе во третото коло, додека Ѓоковиќ, шампионот од Вимблдон, почнува со Мартон Фучович, а Федерер би го чекал во четврт-финалето.

Во третата четвртина од ждрепката, третиот носител, Хуан Мартин дел Потро почнува со квалификант, но може да игра со Енди Мареј веќе во третото коло. Мареј својот прв гренд слем турнир по повеќе од една година ќе го почне со Австралиецот Џејмс Дакворт.

Сепак, најинтересниот дуел од првото коло е тој меѓу осмиот носител, Бугаринот Григор Димитров и трикратниот гренд слем шампион, Стен Вавринка, кој ќе настапи со вајлд-карта.

Во горниот дел од ждрепката, Рафаел Надал почнува со својот сонародник, ветеранот Давид Ферер, додека Кевин Андерсон, финалистот од Вимблдон се наоѓа во неговата четвртина од ждрепката.

Scroll to Top