Роџер Федерер втор меч во низа мораше да игра во три сета, но на крајот со 6:3/3:6/6:3 го победи Фернандо Вердаско за да го заддржи совршениот скор против шпанскиот ветеран и да остане на добар пат до 100. титула во кариерата.
Швајцарецот никогаш немаше загубено од шпанскиот левучар, но само вторпат во седум меѓусебни дуели загуби сет од него. Федерер започна одлично, меѓутоа Вердаско успеа да се врати во мечот, пред Федерер да се врати во форма и да остане со шанси за осма титула од Дубаи, посебно откако голем број на фаворити загубија – Милош Раонич, Карен Хачанов, Марин Чилиќ и Данил Медведев.
Следен за Федерер е Унгарецот Мартон Фучович, кој со 6:4/6:2 го совлада Германецот Јан-Ленард Штруф. Победникот од тој дуел ќе игра со Николоз Басилашвили или со победникот од дуелот Борна Чориќ/Томаш Бердих. Во другото четврт-финале, Полјакот Хуберт Хуркач, кој го победи Нишикори ќе игра со петтиот носител Стефанос Циципас.
Фото: ЕПА