Top Sport

Федерер исчезна од АТП листата

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер прв пат во кариерата нема ранкинг на АТП листата. Федерер изминатава година беше надвор од терените поради повреда на коленото.

Последниот настап на Федерер го имаше лани на Вимблдон, кога испадна во четвртфиналето од Хуберт Хуркач.

По завршувањето на Вимблдон, Швајцарецот ги загуби тие 600 поени и со тоа не само што испадна од Топ 100, туку покрај неговото име, воопшто нема пласман на веб-страницата на АТП.

Првиот пласман на АТП листата, Федерер го имаше на 22 септември 1997 година, кога се појави на турнејата.

Во кариерата освои 103 титули, од кои 20 Грен слемови, а на врвот на АТП листата помина 310 недели.

Scroll to Top