Роџер Федерер е казнет со 3.000 американски долари поради вербалниот инцидент што го предизвика во текот на четврт-финалниот меч со Тенис Сандгрен.
Швајцарецот беше мнигу нервозен во вториот сет кога не можеше никако да му се спротивстави на Американецот. Поради тоа упатил многу недолични збориви кон една од линиските судијки.
Федерер комбинирал германски и англиски пцовки, поради што доби и опомена од главната судијка Маријана Вељковиќ. Нивниот разговор вчера беше хит на социјалните медиуми.
Федерер, вчера, против Сандгрен спаси седум меч топки и во пет сета се пласира во полу-финалето каде го чека Новак Ѓоковиќ. Овој меч ќе се одигра утре од 9.30 часот по средно-европско време.
Кој има поголем авторитет? Судијката од Србија или Федерер (Видео)