Top Sport

Кој има поголем авторитет? Судијката од Србија или Федерер (Видео)

Роџер Федерер одигра уште еден драматичен меч на Австралија опан. Во пет сета го победи Тенис Сандгрен. Швајцарецот покрај со одличниот противник и неговите разорни сервиси, во текот на мечот мораше да се бори и со својот темперамент.

Ретко кога Федерер бил толку фрустриран како на мечот со Сандгрен. Се и сешто и кажал на една од линиските судијки, поради што морала да се вмеша главната судијка, убавата Србинка, Маријана Вељковиќ.

foto/ epa

Таа го предупредила Федерер на однесувањето.

„Кршење на прописите поради вербални вулгарности, предупредување за Федерер“, рекла судијката од Србија.

„А што сум кажал/“, прашал Федерер.

„Не смеам тоа да го повторам“, му одговорила судијката Вељковиќ.

Scroll to Top