Роџер Федерер ги воодушеви домашните фанови во Глазгов, откако сред мечот за добротворни цели против Енди Мареј облече килт.
Швајцарската ѕвезда го доби традиционалното шкотско „фустанче“ од еден навивач во публиката, одигра неколку поени со него, пред да го потпише и да го врати на гледачот. Шоуто продолжи кога Федерер му даде традиционална шкотска капа на Мареј и му порача: „Сега тебе ти е редот“.
Енди Мареј го играше првиот меч по Вимблдон, и откако го загуби првиот сет, го доби вториот против Федерер во меч кој имаше за цел да собере средства за УНИЦЕФ. На крајот, иако беше егзибиција Швајцарецот беше подобар и го доби мечот.
LOL Federer :))) pic.twitter.com/VwL93YIVCW
— Rena (@_irenka23_) November 7, 2017
“Now your turn”
Federer gave Murray a hat to wear.#AndyMurrayLive pic.twitter.com/4wWPFCaa1n
— Ashish TV (@Ashish__TV) November 7, 2017