Top Sport

Федерер ќе го пропушти Австралија опен

Роџер Федерер ќе го пропушти првиот гренд слем во новата сезона, Австралија опен. Тренерот на Федерер, Иван Љубичиќ, рекол дека Швајцарецот се уште се рехабилитира од операцијата на коленото.

„Роџер ќе игра само кога ќе биде сигурен дека е 100 отсто подготвен и дека може да конкурира за освојување на турнирите. Тоа сега не е случај“, рекол Љубичиќ.

Последниот меч Федерер го одигра во јули, кога загуби во четврт-финалето на Вилблдон од Хуберт Хуркач.

„Роџер има 40 години. Мора да оди чекор по чекор. Сигурно е дека нема да се пензионира, но во овој момент нема да носи избрзани одлуки.

Австралија опен ќе се одржи од 17. до 30.јануари наредната година.

Scroll to Top