Роџер Федерер никогаш не го криел задоволството од тоа што има четири деца – два пара близнаци, деветгодишните девојчиња Мајла и Шарлин и четиригодишните момчиња Лео и Лени, но признава дека животот му се „свртел“ кога првпат станал татко.
„Верувам дека за сите е така – кога ќе добиете деца, ментално светот ви се менува. За тие кои сакаат да живеат во свој меур, тогаш почнувате да размислувате дека има нешто повеќе во вашиот живот. Мене тоа ми даде одлична перспектива кон животот и кон тоа што е важно. Колку ми е важен тенисот, колку другите работи“, вели Федерер.
Тој верува дека добро се справува со предизвикот да биде професионалентенисер и татко.
„За мене кога дојдоа децата, тоа беше нормално, бидејќи сакавме деца веднаш со Мирка. Имав девет месеци ментално да се подготвам додека Мирка беше трудна. Со близнаци секогаш е забавно и напорно, но ми се допаѓаат тие моменти. Не мислам дека требаше да почекам да завршам со кариерата пред да имам деца“, додава Швајцарецот.