Top Sport

Федерер контра Серена: Судијата Рамос беше во право

Роџер Федерер не се согласува со Серена Вилијамс, застанувајќи во одбрана на судијата Карлос Рамос за скандалозното финале од САД опен во кое Американката се расправаше со судијата и го загуби мечот од Наоми Осака.

Американката доби прва казна откако нејзиниот тренер Патрик Муратоглу и даваше совети од трибините, а доби уште една казна за кршење на рекетот. 23-кратната гренд слем шампионка потоа влезе во неочекувана расправија со Рамос, нарекувајќи го крадец, пред тој да и даде трето предупредување и да ја казни со гем.

Рамос беше обвинет дека е сексист и дека не би казнил тенисер доколку го направи истото, но Федерер не се согласува со тоа.

„Тоа беше интересна ситуација и важно е да се гледа на рамноправноста во спортот. Секој судија има свој стил, како во секој спорт. Може некој сака повеќе да внимава да нема совети од тренерите, некој сака да внимава на времето кое се троши. Не верувам дека постои разлика само бидејќи некој е машко, но грешки се случуваат и тие треба да имаат свое право да го прават тоа“, вели Федерер.

Тој зборуваше на настан за фондацијата на поранешниот американски тенисер, Енди Родик, кој исто така се согласува дека сексизмот не е присутен во тенисот.

„Не треба да се заборави дека тенисот е предводник – постои еднаква распределба на наградниот фонд на речиси сите турнири. Ако сакаме да покажуваме со прст, тенисот е последен на кој треба да се покаже. Да, секогаш може да биде подобро, но во тенисот има поголема родова рамноправност од било кој друг спорт“, вели Родик.

Серена остана на своето: Бев во право!

Scroll to Top