Top Sport

Федерер: Крајот е блиску, кога ќе се случи не знам

Роџер Федерер, во интервју за „Блик“, рекол дека животот ќе му биде интересен и кога ќе стави крај на кариерата. Швајцарецот, во август, ќе наполи 37 години, но и покрај тоа покажува извонредна форма и се наоѓа на второто место на АТП листата.

„Крајот е поблиску од било кога, но кога точно ќе се случи не знам. Немам никакви планови. Една работа е сигурна, со четири деца, животот ќе ми биде интересен. Ќе стане посериозно, наскоро ќе тргнат во школо…Се радувам на тие моменти“, рекол Федерер.

Освојувачот на рекордни 20 трофеи на Гренд слем турнирите смета дека младите тенисери треба да добијат многу повеќе внимание од медиумите.

„Чудно е ова, порано се зборуваше за некој млад тенисер кога ќе забележеше важни победи. Сега, доколку тие не го победат Рафа, или мене, или Ѓоковиќ, не се интересни за медиумите“, дополнил Швајцарецот.

Федерер нема да настапи на Роџерс купот во Торонто, турнир од Мастерс серијата, но го потврди своето учество на Мастерсот во Синсинати.

Scroll to Top