Top Sport

Федерер меѓу првите му честиташе на Ѓоковиќ

Легендарниот Роџер Федерер, меѓу првите на Новак Ѓоковиќ, му ја честиташе титулата на Вилблдон.

Ѓоковиќ со победата над Матео Беретини 6/7, 6/4, 6/4, 6/3 шестти пат победи во Вимблдон и ја освои 20 Гренд слем титулата во кариерата.

20 Гренд слем титули имаат и најголемите ривали на Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.

„Честитки Новак за 20.Гренд слем титула! Горд сум што имав можност да играм во една толку посебна ера на тениски шампиони. Фантастична игра, секоја чест“, напишал Федерер.

Scroll to Top