Роџер Федерер се подготвува за својот домашен турнир Свис индорс во Базел, каде што оваа година ќе му недостасува неговиот главен ривал во кариерата, Рафаел Надал, кој во саботата се ожени со својата долгогодишна девојка Чиска.
Федерер потврди дека тој не бил поканет на свадбата заедно со својата сопруга Мирка, но тој вели дека не очекувал такво нешто.
„Не, не бев поканет и не очекував да бидам поканет. Секако, тоа не е никаков проблем. Му честитав во саботата и не очекував, но тој ми одговори. А знаев дека има поумни работи. Сега едвај чекам да го видам да ми раскаже како помина“, вели Федерер.
Дека нема проблем поради „непоканувањето“ најдобро зборува одговорот на Федерер кога беше запрашан што би сакал да прави по крајот на кариерата.
„Тоа прашање ми го поставуваат подолго време, но повторно ќе ве разочарам – уште не сум решил да сопрам. Но, кога би завршил би сакал да им помогнам на младите тенисери. Тоа би можел да го направам преку Академијата на Рафа Надал“, додава Федерер.