Top Sport

ФИБА ги одреди домаќините на квалификациските турнири

ФИБА, во петокот, ги објави имињата на државите кои ќе бидат домаќини на квалификациските турнири за пласман на Олимписките игри во Токио, во машка и во женска конкуренција.

Единствена држава која ја доби довербата да организира турнири и во машка и во женска конкуренција е Србија. Србите за организацијата понудиле 3,5 милиони евра.

Во машка конкуренција покрај Србија (белград) домаќини на турнирите ќе бидат Хрватска (Сплит), Канада (Викторија) и Литванија (Каунас).

Домаќини на квалификациските турнири за дамите ќе бидат уште Белгија (Остенде), Франција (Бурж) и Кина (Фошан).

Квалификациите за Олимписките игри во Токио ќе се одржат во периодот од 23 до 28 јуни во машка, односно од 6 до 9 февруари во женска конкуренција.

Пласман на Игрите ќе обезбедат само победниците на групите.

Групите ќе бидат извлечени на 27 ноември.

Scroll to Top