Роџер Федерер, во средата, имал атроскопска операција на коленото. Поради операцијата Швајцарецот ќе ги пропушти турнирите на земјена подлога, меѓу кои е и вториот грен-слем, Роланд Гарос.
Роџер Федерер одреден период имал проблеми со коленото на десната нога, поради што се решил да го оперира. Атроскопски зафат му бил извршен вчера во Швајцарија.
Според лекарите, Федерер целосно ќе се рехабилитира, но покрај целата сезона на земјена подлога тој ќе ги пропушти и претстојните мастерс-турнири во Мајами и Индијан Велс.
Федерер, во кариерата, има само една титула на Роланд Гарос (2009), а во блиското минато дури три пати не настапил (2016-2018). Минатата сезона испадна во полу-финалето.
Самиот порачал дека ќе се врати кога ќе започне сезоната на неговата омилена подлога, тревата.
„Се гледаме на Вимблдон“, порачал Федерер.