Роџер Федерер нема да игра на турнирот од серијата 500 во Дубаи. Овој турнир ќе се одржува наредната недела.
Федерер, во вторникот, по 13 ммесеци пауза, се врати на тениските терени. На турнирот во Доха, Федерер го победи Дан Еванс, но испадна во третиот меч од Николоз Басилашвили.
„Важно е што се вратив, уживав во секоја минута на турнирот во Доха. Благодарност до мојот тим кој ми помогна да се вратам. Решив дека треба да им се вратам на тренинзите, поради тоа нема да играм во Дубаи“, напишал Федерер.
Претходно Швајцарецот изјавил дека за него оваа сезона ќе започне, кога ќе започнат турнирите на тревната подлога.