Top Sport

Федерер: Никој не е совршен

Роџер Федерер, во добро расположение, го очекува почетокот на првиот Мастерс во сезоната, турнирот во Индијан Велс. Швајцарецот во Калифорнија пристигна од Дубаи каде ја освои 100 титула во кариерата.

Федерер заедно со Новак Ѓоковиќ се рекордери според освоените титули во Индијан Велс. Овој турнир, кого многумина го нарекуваат „петтиот гренд слем“, Швајцарецот и Србинот го освојувале по пет пати.

„Луѓето секогаш не перципираат како херои. Совршенство не постои. Секој, па и јас, има мани“, рекол Федерер.

Швајцарецот во Индијан Велс е четврти носител, а се наоѓа во истата половина на костурот со Рафа Надал. Нивна пресметка е можна во полу-финалето.

„Најважно за секој спортист е да знае каде му се границите, да го разбира своето тело. Потребно е да знаеш кога треба да намалиш и да се одмориш. Важно е да имате паметни луѓе во тимот, тие ќе ви кажат што да правите. Генетиката исто така е многу важна“.

Федерер, минатата недела, стана вториот играч во историјата со најмалку 100 освоени трофеи. До големиот успех дојде на турнирот во Дубаи.

„Никогаш не верував дека можам да го остварам тоа. Започнав да размислувам за таа 100 титула пред неколку месеци. Ќе ми беше жал доколку се пензионирав, а не ја освоев 100 титула“, рекол Федерер.

Scroll to Top