Top Sport

Федерер низ солзи: Бајката продолжува

Најдобриот во историјата на тенисот Роџер Федерер низ солзи ја прослави шестата титула во Мелбурн, вкупно 20. од Гренд слем турнирите во кариерата. Швајцарецот во финалето го победи Хрватот Марин Чилиќ кој играше трет пат во финалето а некој од Гренд слем турнирите и по ова финале остана на една титула.

„Долг ден, лесно е по мечот, но пред тоа цел ден размислував што ќе се случува, како ќе се одвиваат работите. Ова е вистинска бајка која продолжува за мене и за мојот тим. Минатата година беше брилијантна, а ова што сега се случува е неверојатно“, рече Федерер.

Швајцарецот играше во рекордното седмо финале во Мелбурн и ја освои шестата титула со што на вечната листа се израмни со Рој Емерсон и Новак Ѓоковиќ.

Чилиќ прв пат играше финале во Мелбурн, а награда за него е што од утре ќе биде трет на АТП листата.

„За мене ова е фантастично, ова се најдобрите две недели во мојата кариера. Имав шанса, изборив петти сет, но Роџер играше неверојатно. Тежок почеток на сезоната за мене и мојот тим, но се надевам дека во иднина ќе имам можност да го кренам пехарот овде“, рече Чилиќ.

Federer R. Vs Cicic M. #tennis #federer #cilic #austalianopen#ao

A post shared by *BEST*HD*SPORT* (@best.hd.sport) on

Scroll to Top