Роџер Федерер се приклучи на иницијативата „Тенис дома“ сред пандемијата на корона вирусот, покажувајќи како останува во форма додека трае долгата пауза во тениската сезона.
Неколку часа откако се појави веста за можното откажување на неговиот омилен турнир, Вимблдон, Федерер објави видео на социјалните мрежи како тренира трикови на снег во неговиот дом во Швајцарија.
„Да се осигурам да не заборавам како да играм трик-удари“, напиша „Маестро“ на Твитер.
Making sure I still remember how to hit trick shots #TennisAtHome pic.twitter.com/DKDKQTaluY
— Roger Federer (@rogerfederer) March 30, 2020