Top Sport

Федерер откри кога сфатил дека мора во пензија

Најдобриот светски тенисер и освојувач на 21 гренслем титула, Роџер Федерер, в петок ќе го одигра својот последен тениски меч на Лејвер купот. Тој ќе заигра во меч во двојки, бидејќи истакна дека не може да игра во сингл.

dobivaj vesti na viber

Федерер откри кога сфатил дека не може веќе да биде конкурентен и да ги игра на највисоко ниво. Тоа беше неговиот последен официјален меч на Вимблдон, кога во четврт-финалето беше поразен од Хуберт Хуркач со 3:0, а особено го апострофира загубениот сет без да добие гем.

„Последниот сет против Хуркач беше најлошиот тениски момент во мојата кариера. Сфатив дека веќе ништо не функционира. Разочарувањето ми беше како огномет во главата, не знаев како да продолжам да играм со такво колено“, откри Швајцарецот.

Scroll to Top