Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се уште не знае кога ќе се врати на терените. Тој неодамна го прослави 40. роденден, а со сигурност ги прескокнува турнирите во Торонто и Синсинати. Прашање е дали ќе игра на САД опен.
„Се одморив, ништо не правев поради проблемите со коленото. По Вимблдон морав да ја согледам ситуацијата. Оваа недела ќе имам состанок со мојот тим, со докторите и ќе решиме што е најдобро. Засега се е помалку нестабилно. Тешко е, порано ми беше полесно, се беше полесно пред 10 години“ изјави Федерер за „Блик“.
Швајцарскиот ас се чини е на голем крстопат.
„Сега е како во боксот. Имам се помалку борби. Фокусот на еден меч е се поголем, морав тоа повторно да го научам. Стигнав до 40 години и си реков – тоа е неверојатно. Сега морам да сум сериозен, јас сум сега еден од тие `старци`“ рече Швајцарецот.