Швајцарската тениска ѕвезда Роџер Федерер по неверојатен 16. пат е избран за „фаворит“ на фановите во изборот на АТП.
Федерер доби најмногу гласови од фановите кои гласаа на веб-сајтот на АТП, откако никој нема замерка на неговото однесување на турнирите – тој секогаш наоѓа време да потпише автограми на фановите и никогаш не се однесува арогантно.
37-годишниот Швајцарец, кој оваа година беше светски број 1 и ја освои својата 20. гренд слем титула на Австралија опен, од воведувањето на оваа награда во 2000 година, само трипати не бил избран за миленик на фановите. Густаво Кертен еднаш и Марат Сафин двапати, остануваат единствените други тенисери кои биле „миленици“ на публиката.
Фото: ЕПА