Top Sport

Федерер поразен во Хале – ништо од 11. титула

Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер не успеа да се пласира во четвртфналето на АТП турнирот во Хале. По 104 минути игра Швајцарецот беше поразен со 2-1 (4:6, 6:3, 6:2) од Феликс Оже-Алијасим од Канада.

Јасно е дека Хале ќе добие нов шампион, затоа што Федерер триумфираше во 2019 година, а минатата година поради пандемијата на коронавирусот турнирот не се одржа.

Роџер се обиде по 11-ти пат да слави на овој турнир кој е еден вид подготовка за Вимблдон, но тој не се претстави во своето вообичаено светло кога се работи за тревна подлога.

Првиот сет му припадна на ветеранот, и половина од вториот сет беше во игра. Потоа следуваше голем пад на концентрацијата што младиот тенисер знаеше да го искористи.

Оже Алијасим сервираше одлично, што многу придонесе во победата.

Во четвртфиналето тој ќе сретне со подобриот од дуелот Штруф – Жирон.

Пласман во четвртфиналето обезбедија и Колшрајбер кој беше подобар од Мутеа, како и Андреј Рубљов кој го среди Австралиецот Џордан Томсон.

Scroll to Top