Швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер го освои мастерсот во Мајами што му донесе пласман на четвртото место на АТП, а притоа ја забележа и 101. титула во кариерата. Сепак, тој нагласи дека одвај чекал да заврши финалниот дуел против Џон Иснер.
„Неопходен ми е одмот, му реков на мојт тим дека моето тело вриска последните неколку дена во Мајами и ги замолив за пауза. Играв без прекин 4 недели и беше многу напорно“ – рече Федерер.
Тој одлучи да земе одмор за да се подготви добро за играта на земја. Наредниот турнир на кој се очекува да настапи е мастерсот во Мадрид кој започнува на 3 мај, а најави дека ќе настапи и на Ролан Гарос.
„Ќе одморам и тогаш ќе ги започнам подготовките за турнирите на земја. Не знам што подготвиле моите тренери, но верувам дека ќе биде огнено. Се радувам на новите предизвици, затоа што долго не сум играл на земја, речиси 3 години, па ќе биде интересно да се види колку можам“ – вели Федерер.