Top Sport

Што гледа ВАР, Манџукиќ против Милан „молеше“ за црвен картон (видео)

Медиумите во Италија по синоќешното дерби во Серија А меѓу Јувентус и Милан (победа на „Старата дама“ со 2-1) се преполни со критики за судењето на мечот во кој Милан беше оштетен за најмалку еден пенал, а двајца играчи на Јуве требаше да заработат цвени картони.

Марио Манџукиќ кој на дербито беше капитен, во 87 минута го удари со копачка во нога противничкиот капитен, Алесио Ромањоли додека двајцата беа на тревникот, по што Пјонтек тргна во одбрана на својот капитен, а Манџо му се нафрли и нему. Во тој момент Хрватот веќе имаше жолт картон, а судијата Фабри остана нем, додека немаше ни реакција од ВАР собата.

Интересно е што судијата не реагираше ниту против Леонардо Бонучи кој остро од зад грб стартуваше врз Пјонтек.

Во Италија речиси да не постои спортски новинар или судски експерт кој тврди дека Милан не е оштетен со најмалку еден пенал, а велат и дека морало да има црвен картон за домаќините од Торино.

Scroll to Top