Top Sport

Федерер продолжува со походот на трева

Роџер Федерер со убедливи 6:3/6:4 го совлада Словенецот Аљаж Бедене во првото коло на неговиот омилен подготвителен турнир на Вимблдон, Гери Вебер опен во Хале за да ја продолжи победничката низа на тревната подлога.

Новиот број 1 го совлада Милош Раонич во финалето на Штутгарт опен во неделата во неговиот прв турнир по пауза од три месеци (по Мајами опен) откако реши да ја прескокне целата сезона на земја.

Федерер ќе оди на деветта титула на Вимблдон следниот месец, но прво ќе се обиде да стигне до десетти трофеј на Хале опен, малиот турнир во северна Германија. Организаторите му оддадоа посебна почит на најуспешниот тенисер на турнирот, и го пречекаа со торта за прослава на враќањето на првото место на АТП листата.

Scroll to Top