Top Sport

Федерер пропушти меч-поен, камбекот заврши со пораз од Басилашвили

Грузискиот тениски ветеран, Николоз Басилашвили се врати од сет негатива за да стави крај на камбекот на Роџер Федерер на Катар опен со 3:6/6:1/7:5 победа. Басилашвили беше агресивен од основната линија и спаси седум од 10 брејк топки, вклучувајќи меч-топка на 4:5 во одлучувачкиот сет за победа по час и 50 минути игра.

29-годишниот Грузиец влезе на турнирот со пет порази во низа, а ова му беше прва победа во кариерата против Федерер за пласман во прво АТП полуфинале од Хамбург во 2019 година. Басилашвили за место во финалето ќе игра со Американецот Тејлор Фриц, кој со 5:7/6:3/7:5 го победи Денис Шаповалов.

Швајцарецот го имаше првиот настап по Австралија опен оваа недела, победувајќи во првиот меч против Ден Еванс, по што најави дека не е сигурен колку турнири од сезоната на земја ќе игра, признавајќи дека тревнатите турнири се „вистинскиот старт на сезоната“.

Scroll to Top