Top Sport

Федерер: Рафа и Новак треба да се среќни ако ги срушат моите рекорди

Во јуни 2009 година, Роџер Федерер во навистина епско финале на Вимблдон ја одбрани титулата против Енди Родик и влезе во историјата како 15-кратен гренд слем шампион, оставајќи го Пит Сампрас на 14 титули. Тогаш изгледаше дека Федерер ќе постави рекорд кој ќе биде недостапен можеби децении во светот на тенисот.

Но, наместо тоа оттогаш Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ освоија 28 од 40-те гренд слема, оставајќи го Федерер на само уште пет титули. Надал и Ѓоковиќ ги поделија гренд слем титулите во 2019 и сега се на 19 (Рафа) и 16 (Новак). Федерер знае дека тоа е случајот, но вели дека неговите ривали треба да се среќни да успеат во таков подвиг.

„Беше посебно да се стигне до рекордот по гренд слем титули, не да се заддржи подоцна. Рафа и Новак пак, би требало да бидат среќни ако го срушат мојот рекорд, бидејќи се неверојатни тенисери и јас не можам да ги сопрам. Во 2020 целта е да се остане здрав и да остварам уште неколку работи на мојата листа. Поминав прекрасни години на АТП турнејата и на 38 години, морам да се замислам дека речиси е готово. Времето лета кога си поминуваш убаво, како што беше за мене“, вели Федерер.

Scroll to Top