Top Sport

Батшуаи повторно позајмен, овојпат на Валенсија

Белгискиот напаѓач на Челси, Мичи Батшуаи ниту сезоната 2018/19 нема да ја помине на „Стемфорд бриџ“, откако беше потврдена позајмицата на Валенсија.

Батшуаи лани беше позајмен играч во Борусија Дортмунд, каде што блесна пред да се повреди, но 24-годишниот Белгиец не направи доволно да најде место во тимот на Маурицио Сари.

„Валенсија се согласи со Челси за трансферот на Мичи Батшуаи до крајот на сезоната“, потврдија од „Лос че“.

Валенсија претходно се поврзуваше со напаѓачот на Милан, Андре Силва, но наместо тоа се реши за талентираниот, но помалки проблематичен Батшуаи.

Scroll to Top