Top Sport

Федерeр: Сакам да играм на ОИ, ама ајде прво нека помине Вимблдон!

Швајцарскиот тениски ас, Роџер Федерер го најави својот настап на Вимблдон накој се надева на титулата иако подолг период има проблем со повредите.

„Имав ментален момент – кога работите ќе излезат од контрола. Постојат начини да се изгуби, а јас себе си си поставувам стандарди за начинот а кој ги правам работите. Тоа ме потсетува на јуниорските времиња, на почетокот на кариерата. Сега сум тука на Вимблдон и имам можност. Знам дека ако овде се добро се придвижи и влезам во втората недела, ќе станам се појак и појак. Доаѓам овде чувствувајќи се ментално силно“ рече Федерер на прес-конференцијата пред почетокот на неофицијалното светско тениски првенство.

Го прашаа и за настап на Олимписките игри.

„Повторно ќе ја процениме ситуацијата по Вимблдон. Ако овде заиграм добро, тоа ќе влијае на сето тоа како ќе изгледа летото. Би сакал да одам на ОИ, но ајде прво нека помине Вимблдон, па тогаш ќе одлучиме“ рече Федерер кој во август ќе наполни 40 години.

Признава дека „староста“ му е главниот противник.

„Искрено, не ми беше цел да играм до 39, 40 години. Беше тоа повеќе да стигнам до 35-тата. Се сеќавам на разговорот со Сампрас пред 10 години, ме праша уште олку ми остана во резервоарот. Тоа беше кога го прославив 30-тиот роденден. Мислеше дека се ближам до крајот, но уживав низ моето патување“ вели Швајцарецот.

Scroll to Top