Светскиот број 1, Роџер Федерер спаси две меч-топки за да го совлада Французинот Беноа Пер со 6:3/3:6/7:6(7) во второто коло на Хале опен, останувајќи на добар пат да ја освои својата 10. титула од подготвителниот турнир за Вимблдон.
Доколку Федерер го загубеше мечот од Пер, во понеделник ќе го загубеше и првото место на АТП листата, кое само што го врати од Рафаел Надал. „Маестрото“ има многу поени за бранење во следните недели – лани ја освои титулата во Хале и на Вимблдон.
Во четврт-финалето, Швајцарецот ќе игра со австралискиот светски број 60., Метју Ебден, кој со 4:6/6:1/6:2 го совлада германскиот ветеран Филип Колшрајбер.
18. Straight. On ?@rogerfederer saves 2 match points to defeat Benoit Paire 6-3 3-6 7-6(7) at #GerryWeberOpen
??? pic.twitter.com/9f7oYY726R
— Tennis TV (@TennisTV) June 21, 2018
Scary good, @rogerfederer ??
That’s a ?on the run! #GerryWeberOpen pic.twitter.com/QC3WbVSpvG
— Tennis TV (@TennisTV) June 21, 2018