Роџер Федерер по 10-ти пат го освои својот омилен подготвителен турнир за Вимблдон, Гери Вебер опен во Хале, откако во финалето со 7:6(2)/6:1 беше подобар од Белгиецот Давид Гофан.
Освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, обично се подготвува за гренд слемот на трева во Германија наместо како повеќето тенисери да игра на елитните турнири во Англија, како Квинс клаб.
Гофан успеа да му направи проблеми на Федерер во првиот сет, но Швајцарецот ги одбрани трите брејк топки за потоа во тај-брејкот да поведе со 1:0 по 54 минути игра. Во вториот сет, Гофан немаше одговор за играта на „Маестрото“, и направи три брејка за осма победа во деветтиот меч против Белгиецот.
Ова е трета титула заз Федерер оваа сезона по Дубаи опен и Мајами опен и 102. во кариерата и сега е на само седум од вечниот рекорд на Џими Конорс од 109 АТП титули.