Роџер Федерер со победа стартуваше на мастерсот во Синсинати. Швајцарецот во два сета 6:4, 6:4 го победи Петер Гојовчик.
Мечот траеше 72 минути, Федерер имаше повеќе директни поени (24:18) и помалку не изнудени грешки (20:29).
Федерер 11.пат во кариерата избори пласман во осмина-финалето на овој турнир, каде ривал ќе му биде Леонардо Мајер.
Федерер седум пати во кариерата победувал во Синсинати, а последен пат настапи на овој турнир во 2015 година кога во финалето го победи Новак Ѓоковиќ. Претходните две сезони поради повреда не настапуваше на овој мастерс.
Швајцарскиот тенисер од почетокот на годината има забележано 30 победи, а вкупно одиграл 34 мечеви.