Top Sport

Федерер со предупредување до Пике: Не се мешај многу

Освојувачот на рекорден број на гренд слем титули, Роџер Федерер го предупреди фудбалерот на Барселона, Жерард Пике околу неговите планови за менување на концептот на Дејвис купот.

Пике е зад групацијата „Космос“ која во партнерство со Интернационалната тениска федерација (ИТФ) се согласија да направат радикални промени во натпреварувањето, кое отсега ќе има „финале“ од една недела почнувајќи од следната сезона.

Пике минатиот викенд пак, посочи дека сака натпреварувањето да се премести во септември, со што би дошло до судир со Лејвер купот, натпреварувањето кое го формираа Федерер и неговиот агент Тони Годсик, и кое од 20 до 22 септември 2019 ќе се одржува во Женева.

„Јас сум за иновации и некои работи околу новиот Дејвис куп не се негативни, но сега треба да се седне со АТП, ИТФ и организаторите на Лејвер купот и да се договорат деталите. За нас тенисерите е малку чудно што доаѓа фудбалер да се меша во нашиот свет. Мора да биде многу внимателен. Дејвис купот не треба да стане Пике куп“, изјави Федерер.

Scroll to Top