Роџер Федерер го прослави својот 1.500-ти АТП меч со доминантна 6:2/6:1 победа над Германецот Петер Гојовчик во првото коло на Свис индорс турнирот во неговиот роден град Базел.
20-кратниот гренд слем шампион речиси не се испоти против Гојовчик, упатувајќи 12 аса и освојувајќи 82 отсто од поените на прв сервис, не давајќи му шанса на германскиот квалификант да здивне во мечот од само 53 минути.
Гојовчик, кој е на 112. место на АТП листата загуби пет брејка, додека направи еден. Ова беше 21. последователна победа на Швајцарецот во Базел, каде што има неверојатни девет титули.
Германецот Јан-Ленард Штруф исто така имаше краток меч, откако за 61 минута го совлада Србинот Миомир Кецмановиќ (6:4/6:2) со 21 ас. Вториот носител Александер Зверев и третиот носител Стефанос Циципас, главните конкуренти за титулата на Федерер играат во вторник.
Roger’s off to the perfect start ?
In his 1500th ATP match, @rogerfederer defeats Gojowczyk 6-2, 6-1 to kick off his Basel campaign in fine & fantastic fashion ?
?: @TennisTV | #SwissIndoorsBasel pic.twitter.com/41j5n58mc6
— ATP Tour (@atptour) October 21, 2019