Top Sport

Федерер за 12 месеци не освои ниту еден гренд-слем, а „ќари“ 93 милиони долари

Легендарниот швајцарски тенисер, Роџер Федерер и годинава е убедливо најплатениот тенисер во светот. Иако Федерер во изминатите 12 месеци не освои ниту еден гренд-слем, неговото финансиско конто е зголемено.

Угледниот „Форбс“ објави дека освојувачот на 20 турнири од 1 јуни 2018 до крајот на мај 2019 заработил 93,4 милиони долари. Во таа сума се вброени заработките на турнирите и маркетинг договорите со бројни компании.

Федерер претходната година направи голема промена во својот маркетинг тим откако по две децении соработка го прекина договорот со „Најк“.

Ова е за Федерер 14 сезона во низа во која заработува најмногу од сите на АТП листата.

На второто место зад него е Новак Ѓоковиќ кој освои 4 од изминатите 5 гренд-слем турнири. Србинот во истиот период како и Швајцарецот заработи околу 50 милиони долари.

Scroll to Top