Роџер Федерер покажа дека уште не е за „фрлање“ по одличната победа над Кеи Нишикори за пласман во полуфиналето на Мастерсот во Шангај, каде што го чека младиот Хрват, Борна Чориќ.
Иако во првите два меча во Кина, Швајцарецот изгледаше надвор од форма, против искусниот и силен Нишикори, Федерер се бореше за секој поен за на крајот да стигне до тешко изборена 6:4/7:6(5) победа.
37-годишниот Швајцарец сега игра со Чориќ, кој со 7:5/6:4 го победи Австралиецот Метју Ебден, и Федерер мора да внимава, бидејќи токму Чориќ го победи во финалето на еден од неговите омилени турнири, Хале опен оваа година.
Во второто полуфинале во Шангај ќе играат Новак Ѓоковиќ, кој е во „лов“ на првото место на АТП-листата до крајот на годината и Германецот Александер Зверев.
Best match of the week!@rogerfederer delivers an incredible performance to take out Nishikori 6-4 7-6(4) to reach the Shanghai semi-finals.#RolexSHMasters pic.twitter.com/wlqFFq8xPr
— Tennis TV (@TennisTV) October 12, 2018