БеММА организацијата Белатор ќе го добие својот прв шампион во тешка категорија по повеќе од две години овој месец, откако го најави своето прво големо шоу – дуелот меѓу руската легенда Федор Емелианенко и шампионот во средно-тешка категорија Рајан Бејдер на Белатор 224 во Лос Анџелес на 26 јануари.
Белатор, кој се промовираше во втор ММА промотор по УФЦ, е без шампион во тешка категорија откако Русинот Виталиј Минаков ја ослободи титулата во 2016 година откако не ја бранеше повеќе од две години.
Сега, друг Русин, застрашувачкиот 42-годишен Федор ќе се обиде да ја врати титулата на гран при натпреварувањето на 26 јануари во последен обид да биде крунисан за шампион. Двајцата фајтери победија два меча едноподруго на турнирот, откако Федор ги совлада Френк Мир и Шаел Сонен, а Бејдер, беше подобар против „Кинг“ Мо Лавал и Мет Митрионе.
Емелианенко можеби веќе не е на нивото на кое беше пред десетина години, но никој не може да му ја одземе низата од 10 години без пораз за сега веќе непостоечката организација ПРИДЕ, по што следуваа три порази во низа од 2010 од Фабрисио Вердум, Антонио Силва и Ден Хендерсон.
Бејдер пак, во 2017 година стана шампион на Белатор во средно-тешка категорија од Фил Дејвис, и е еден од најпознатите фајтери кои ја заменија УФЦ за Белатор во последните две-три години.