Федор Емелианенко влезе во финалето на Белатор Гран При натпреварувањето во тешка категорија, откако го нокаутираше Чаел Сонен уште во првата рунда на Белатор 208 во Њујорк.
42-годишниот Русин, познат по своите пресметки со Мирко Филиповиќ-Кро кап, успеа да го „потресе“ една година помладиот Сонен, пред да ја заврши работата на 14 секунди пред крајот.
Ова е втора победа во низа за Емелианенко, и тој во финалето на 26 јануари ќе се бори со Рајан Бејдер, кој во второто полуфинале на Белатор 207 го победи Мет Митрионе.
? #Bellator208 pic.twitter.com/zZ9pJcZhf8
— Bellator MMA (@BellatorMMA) October 14, 2018