Олимпискиот шампион и светски рекордер во пливање, Американецот Мајкл Фелпс води тешка борба со депресијата. Еднаш дури и зборуваше за тоа.
„Јас сум некој кој пронајде најмалку 3 или 4 периоди со многу тешка депресија по ОИ и го доведов својот живот во опасност“ рече Фелпс во една прилика.
Сепак, се чини дека ситуацијата од тогаш не му се поправила за што сведочи изјавата на неговата сопруга, Никол со која има 3 деца.
„Кога ја видов Ванеса како го загуби Коби, се што можев беше да го погледнам Мајкл и да речам `Можеме ли да ти помогнеме, затоа што ако те загубам, не знам што ќе правам`“ – објасни таа.
Никол вели дека секојдневно се труди да му помогне на сите начини, колку е тоа можно.
„Порано мислев дека можам да му помогнам, како еден вид терапевт. Но, она што го научив е дека не можете да водите сметка за тоа како луѓето се чувствуваат, без оглед на тоа колку ги сакате. Децата се тие кои му носат насмевка на лицето и среќа, без нив тешко дека ќе можам да го издржам сето ова“ вели госпоѓа Фелпс.