Американскиот УФЦ борач, Доналд Сероне ги воодушеви фановите на „мешаните“ вештини, откако во дуелот со Јанси Медеирос во Остин, Тексас, покажа одлично спортско однесување.
Во првата рунда од мечот, Медеирос ја загуби рамнотежата и се лизна, нешто што повеќето фајтери би го искористиле со напад, но Сероне го остави противникот да стане на нозе. Ова не значеше дека Медеирос ја искористи предноста – Сероне на крајот победи со нокаут.
Sportsmanship at the highest level. #UFCAustin https://t.co/xLiF7DPsF0
— FOX Sports: UFC (@UFCONFOX) February 19, 2018