Top Sport

Фергусон до Мекгрегор: Не заборавај, уште си моја кучка

УФЦ ривалите од лесна категорија, Тони Фергусон и Конор Мекгрегор влегоа во остра пресметка преку социјалните мрежи, откако прво Ирецот му порача дека неговиот пораз од Џастин Гетџи е „засрамувачки“, по што Фергусон му одговори дека „уште е негова кучка“.

Мекгрегор го обвини Фергусон за заминувањето од промотерската група „Парадигм“ пред една година, велејќи дека тој го претставувал пред да замине за „безбол-договор“, но Американецот врати дека шефот на „Парадигм“, Оди Атар му кажал дека тој никогаш не го претставувал.

„Ако е така, ти работеше за мене и заддржуваше пари од мене. Уште си моја кучка. Фокусирај се да го оставиш шишето виски, дете. Мора да е тешко да гледаш големи мечеви од страна“, му порача Фергусон на Мекгрегор.

Мекгрегор не остана покус.

„Замолчи и заблагодари се на сестрите и докторите кои ти го составија черепот по ќотекот кој го доби. И научи да боксуваш“, порача Ирецот.

Scroll to Top