Top Sport

Пред точно осум години Сити на најдраматичен начин ги победи Јунајтед за титулата (видео)

Пред точно осум години, Манчестер сити ја освои својата прва англиска титула по 44 години на најдраматичен можен начин, во „мртва трка“ со градските ривали Манчестер јунајтед и со два гола во судиското продолжение.

Пред последното коло, двата градски ривали имаа по ист број на поени Во речиси нереални сцени, Манчестер јунајтед стигна до 1:0 победа кај Сандерленд и нивните фудбалери чекаа да заврши мечот помеѓу Квинс парк ренџерс и Сити, со КПР со необично 2:1 водство.

Сити „капитулираа“ во 66. минута, откако КПР дојде до 2:1 водство. Овој резултат беше актуелен до 92. минута од мечот, кога Един Џеко израмни на 2:2, ситуација со која Јунајтед имаа два поени пред нив. Тогаш се случи делириумот, кога Серхио Агуеро ја донесе првата титула за „граѓаните“ во новата ера.

Scroll to Top