Тони Фергусон во пресрет на борбата со Џастин Гатје им испрати порака на Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.
Фергусон требаше да се бори за титулата во лесна категорија со Нурмагомедов, меѓутоа Дагестанецот се повлече поради пандемијата со коронавирусот.
„Хабиб го чекаше ќотек, но сега тој за мене не постои. Тука е гатје кого го нарекуваат „Хајлајт“. Сега тој ќе си добие порција хајлајт. Току силно ќе го удрам што ќе ги види сите ѕвезди“, рекол Фергусон.
„Конор и Хабиб за мене се во пензија. Им проестанува да да заминат во пензија. Ова спорт за вистински мажи, а тие двајца се пи..и“, рекол Фергусон.
Инаку победникот од борбата помеѓу Фергусон и Гатје ќе мора да се бори со Нурмагомедов кој е актуелен првак во лесна категорија.