Канадската тинејџерка Лејла Фернандез првпат во својата кариера влезе во четврт-финалето на Ролан Гарос, победувајќи ја полуфиналистката о 2019, Американката Аманда Анисимова со 6:3/4:6/6:3, за да обезбеди борба со Италијанката Мартина Тревизан.
19-годишната Фернандез, која лани играше во финалето на САД опен, направи 23 брејка во четирите меча на Ролан Гарос, за да го постигне својот најголем успех на гренд слемот во Париз.
28-годишната Тревизан, пак, со 7:6(10)/7:5 ја совлада Белорусинката Алиаксандра Саснович за второ четврт-финале во Париз во последните три години. Во 2020, таа загуби од евентуалната шампионка, Ига Швјонтек.
„Париз ми е како втор дом. Атмосферата е магична и секогаш се чувствувам фантастично на теренот“, вели Тревизан, која минатиот месец ја освои својата прва ВТА титула во кариерата во Рабат, Мароко.