Top Sport

Ферстл ја скрши германската „клетва“ во супер-џи (видео)

Јозеф Ферстл стана првиот германски скијач кој победил на брзинска трка од Светскиот куп во алпско скијање со триумфот на супер-џи трката во Вал Гардена, Италија. Последен германски победник во брзинска трка беше Макс Рауфер на спустот во Саслонг.

Маглата на Алпите повторно предизвика проблеми, откако само 38 од 80-те скијачи ја стартуваа трката, но Ферстл го искористи тоа за своја прва победа со само 0.02 секунди предност пред Австриецот Макс Франц, додека олимпискиот шампион, Матијас Маер од Австрија го комплетираше подиумот.

Со победата, Ферстл се искачува на четврто место во генерален пласман во супер-џи со 144 поени, а лидер останува Кјетил Јансруд и покрај тоа што беше само 35. во Италија со 180 поени.

Scroll to Top